Тимот на Штутгарт, каде што игра македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, забележа победа во 14 коло од Бундес лигата.
Штутгарт немаше поголеми проблеми на домашен терен против екипата на Минден и славеше со 35-31.
Пешевски беше меѓу најдобрите поединци во победничкиот тим и успеа да постигне три гола од четири обиди.
Следен предизвик за македонскиот кружен напаѓач и неговиот тим ќе биде гостувањето кај Либек.