Екипата на Вардар денеска ќе има изменет состав на теренот против Кил во однос на последниот натпревар против Пик Сегед, а во екипата се враќа Куни Моралес. Десниот бек од Куба заздрави од повредата и ќе биде подготвен за настап.
Во составот ги нема Анте Гаџа и Борко Ристовски. Искусниот голман не беше дел од тимот ниту на претходните два дуели против Пик Сегед, додека за Гаџа веќе се знаеше дека ќе го пропушти ова гостување во Германија.
На местото на Ристовски во екипата е Али Сафар, а има уште една измена и на местото на Давид Савревски сега е Марко Мишевски.
Натпреварот се игра во Вундерино арена во Кил, а почнува од 20:45 часот. Судии се браќата од Португалија, Даниел и Роберто Акото Мартинс. Делегат е Петер Олсон од Шведска.