Според пишувањата на романскиот медиум „fanatik.ro“, екипата на ЧСМ Букурешт е на добар пат во своите редови да донесе три нови ракометарки. Потенцијални засилувања во екипата предводена од Адриан Василе се трите членки на Дунареа Браила – Маиса Песоа, Самара Да Силва и Аманда Куртовиќ.
Репрезентативката на Бразил, Самара Да Силва би требало во ЧСМ Букурешт да пристигне во текот на месец јануари, 2022, додека Песоа и Куртовиќ во сезона 2022/23. ЧСМ Букурешт моментално се соочува со голем проблем на десната бековска позиција по повредата на Барбара Лазовиќ.
Поранешната голманка на Вардар, Маиса Песоа две сезони беше дел од големиот тим на ЧСМ Букурешт пред да се пресели во редовите на тогашниот македонски шампион.
Заедно со романскиот клуб ја освоија Лигата на шампионите во сезона 2015/16. Односите помеѓу Куртовиќ и ЧСМ Букурешт сеуште функционираат на одлично ниво. Ракометарката од Норвешка две сезони го носеше дресот на клубот од романската престолнина.