- Поранешниот ракометар на Прилеп и Пелистер, Теимураз Орјоникидзе, потпиша за финскиот Кокс. Грузискиот лев бек откако замина од Македонија беше дел од унгарскиот Ференцварош и романската Решица, а сега му стана соиграч на македонскиот голман Јоаким Анѓеловски.
- Левиот бек на Црна Гора и на францускот Брест Бретањ, Ѓурѓина Јауковиќ, ја продолжи соработка со клубот. Таа во моментов се рехабилитира по операцијата на скинати лигаменти, а се обврза на нова љубов до 2024 година.
- Левиот бек на Лемго и репрезентацијата на Шведска, Џонатан Карлсбогард, од летото 2023 би можел да стане замена во Кил за Норвежанецот Сандер Сагосен. Тој има договор на уште една сезона со Лемго.
- Еден од најдобрите млади ракометари во Шведска, Исак Персон, потпиша договор со бундеслигашот Бергишер. 21-годишното десно крило беше на радарот и на Веспрем, но сепак унгарскиот тим го ангажираше Вајлупов, па Персон се реши да се пресели во Германија, каде треба да остане до 2025 година.
ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс член на Прилеп и Пелистер потпиша за Кокс, Јауковиќ продолжи со Брест
Од:Фото РК Кокс