Талески: Жално е што не ја израдувавме публиката, но главата горе и одиме напред

Ракометарите на Вардар загубија од унгарскиот првак ПИК Сегед со 27-30 во осмото коло од Лигата на шампионите.

Левиот бек на „црвено-црните“, Филип Талески, смета дека беше тешко тимот да се врати во игра по големата негатива на стартот.

„После таков старт кога поведоа со 1-8, не може да се враќате во игра со серизона екипа како ПИК Сегед. Самите сме винови, треба повеќе да се анализираме ние. Жално е што не можеме да ја израдуваме публика, која ни ја дава поддршката во најтешките моменти. Треба да се фокусираме на тоа што не очекува до крајот на годинава, ако моеже да оствариме една или две победи. Во криза сме, но главата горе и мора да одиме напред“, изјави Талески.

Следен предизвик за македонскиот првак ќе биде гостувањето кај германскиот Кил на 2 декември.

Петти пораз за Вардар во серија, алармот е вклучен на најсилно црвено

Дибиров доби овации од публиката и подароци од клубот за 1.000 гола во ЛШ (ФОТО)

Вујовиќ: И јас сум разочаран исто како навивачите, но борбата не е завршена

Вујо: Дојдов да го спасам Вардар, ако некој мисли дека треба да си одам…

Во Пик Сегед презадоволни: Во Скопје се најубавите доживувања, си заминуваме со два златни бода

„Црвено-црниот“ брод закотвен во место, го доби петтиот тежок удар (ФОТОГАЛЕРИЈА)