Ракометарите на Тиквеш дојдоа до победа од 33:20 против и со новите три бода останаа на 6. место во Супер машката лига, но сега на три бода зад Пролет и пет зад Еурофарм Пелистер 2 така што ова е најава за борба за уште повисок пласман во продолжение од сезоната.
Добрите игри на кавадарчани продолжуваат така што е сосема извесно дека сезонава уште ќе има што да се покаже бидејќи допрва следуваат главните дуели. А дека денеска ќе немаат поголеми проблеми за да дојдат до три бода се виде многу рано. Откако средбата имаше неизвесен тек до 6:6 во 14. минута следуваше многу посилно продолжение на домашните.
Влегоа во период од играта во кој доминираа на теренот. Направија серија од 5:0, па откако примија гол имаа уште 5:0 и веќе стигнаа до 16:7 така што немаше никакви дилеми како ќе течат работите до крајот од натпреварот.
Резултатот на полувреме беше 17:8 така што тука практично беше одлучено кој победува. Во вториот дел играчите на Тиквеш можеа мирно да го приведат натпреварот кон крај и да се изборат за нови три бода. Лесно беше обезбедена и двоцифрена предност првпат уште при 21:11, а потоа долго се чуваше.
Во финишот иако можеше да се одигра и поопуштено, голманот Велков бранеше одлично и не дозволуваше противникот да дојде до нешто повеќе на теренот односно до ублажување на поразот. На крајот беше 33:20 со што Тиквеш ги потврди бодовите на овој дуел.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА