Младиот репрезентативец на БиХ и член на Шамбери, Харун Хоџиќ со својата одбрана против Ним ги освои симпатиите кај ракометната јавност во Франција.
Во натпревар од францускиот шампионат, Шамбери и Ним одиграа интересен дуел, а на победа се радуваа избраниците на Франк Морис, триумфираа со 33:28.
Голманот од БиХ во еден момент од натпреварот мораше да излезе од теренот за неговиот тим да игра со плус еден играч во поле, но неговите колеги ја загубија топката во напад, тоа значеше брза полуконтра од страна на Шамбери.
Сепак, Хоџиќ брзо реагираше од клупата и со одлична одбрана успеа да спречи лесен погодок од страна на домаќините.