Македонската спортска, особено ракометна јавност, секогаш очекува многу повеќе од што се реалните можности на нашите национални тимови.
Факт е дека Филип Лазаров, додека беше репрезентативец долго време беше мета на критики, без разлика дали ќе одигра добар или лош натпревар.
„Последните неколку години не, но на почетоците – да, постојано бев ’главен виновник’. Мислам дека се почна од СП 2009 во Хрватска, тогаш настана некој хаос… Ама и сега гледам истото се повторува – она низ што поминав јас сега му го прават на Филип Талески. Колку и да игра добро, освен новинарите што ќе го спомнат, пет гола-шест гола, добра партија, никој друг. Кога ќе ги погледнете коментарите на социјалните мрежи под текстот се ‘плукање’ и само се чека кога е лошо. Истото и за Кузмановски, Велковски… нашата публика има многу високи цели, немаме реална слика. Навикнати се на она што било од порано и си сакаат да зборуваат луѓето. Го имав тој проблем долго време, но како поминуваа годините како добивав на искуство, отрпнав и кога станав член на Вардар и капитен тоа некако се намали, а откако дојде Раул почнав да играм особено добро, имав своја улога и беше добро“, прави споредба Филип.
Целото интервју со Филип Лазаров прочитајте го во продолжение…