На официјалниот сајт на шпанскиот тим Бидасоа беше потврдено дека оваа сезона е последна во кариерата на голманот Хозе Мануел Сиера.
Шпанскиот чувар на мрежата, кој четири пати освои титула во Лигата на шампионите, ќе прекине со активно играње на 43 години.
Во богатата кариера, Сиера освен европските титули, освои и пет трофеи во Асобал лигата, а со националниот тим освои бронза на ЕП 2014 годиина.
Освен за Ваљадолид и Бидасоа, Сиера играше за Барселона и Сиудад Реал во Шпанија, унгарскиот ПИК Сегед, како и француските ПСЖ и Саран, кој беше последна станица во интернационалната кариера.