Српскиот репрезентативец Стефан Додиќ од следното лето ќе биде ракометар на полскиот шампион Келце.
Договорот стапува на сила на 1 јули во 2022 година и важи до 2026 година, а 18-годишниот централен бек ќе ја соработи тековната сезона во Охрид.
Додиќ, кој има 18 години, со Металург настапуваше во СЕХА лигата, Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а ги забележа и првите настапи за сениорската селекција на Србија.
„По долги преговори се договоривме со еден од најталентираните српски ракометари, Стефан Додиќ“, изјави претседателот на Келце, Бертус Сервас.
Ова е уште еден трансфер во низата на Келце за сезоната 2022/23, откако претходно беа објавени доаѓањата на Недим Ремили, Беноа Конку, Сташ Скубе, Елиот Стенмалм и Халил Јагањац. Во 2023/24, во полскиот првак ќе дојде и египетскиот бек Хасан Кадах.