Чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ во изминативе години беше дел од кадетскиот и младински национален тим со кој има настапи на три Европски шампионати во Б дивизија, меѓу кое и она во Скопје кое го освоија, додека последен настап во овие категории имаше на Светското првенство во 2019 во Скопје.
Константно е на поширок список на А националниот тим, има настапи и на неколку пријателски натпревари, но се уште чека официјално деби за најдобрата селекција. Но, не брза никаде!
„Шансата да се игра за репрезентација треба да се заслужи. Јас се трудам и работам за да си го заслужам мојата шанса. Си го чекам редот, да дојде моето време. Во добар однос сум со сите, имавме убава соработка летово и со Никола Митревски, кој имаше функција и на тренер на голмани во Б репрезентацијата, со Томовски исто, секогаш се тука како поискусни и со побогати кариери да помогнат да ми дадат совет и да работиме заедно. Немаме редовна комуникација, но кога станува збор за репрезентацијата сите се ставаме во функција. Мотивот е голем, но реков не брзам. Работам на себе и чекам да дојде мојата шанса. Прва цел ми е да станам стандарден сениорски репрезентативец на Македонија, а потоа ќе мислам на поголемата слика.“
Целосното интервју со Марко Кизиќ прочитајте го во продолжение…