Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за елиминациските натпревари во Купот на Македонија.
Во машкото издание ќе играат 31 екипа, сите 12 тима од Суперлигата, како и 19 екипи од прволигашката конкуренција. Освојувачот на трофејот, Вардар, ќе биде слободен во оваа фаза.
Најинтересно би требало да биде на дуелите меѓу Работнички и Драчево, Јуниор КВ и Куманово, како и двобојот меѓу Алкалоид и Радовиш.
Натпреварите ќе се играат на 13 или 14 ноември.
Куп на Македонија, елиминации:
Вардар слоб.
Борец – Тиквеш
Работнички – Драчево
Пролет – Кичево
Охрид – Преспа
Алкалоид – Радовиш
Скопје – Текстилец
Металург – Јехона
Аеродром – Младост Богданци
Јуниор КВ – Куманово
Македонија ЃП – Струга
Бутел Скопје – Вардар Неготино
Астраион – Прилеп
Голден Арт – Партизан Гевгелија
Шампион – Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА
Вардар како и 15 победници од овие елиминациски дуели, ќе играат во фазата по групи, која е на програмата во март догодина, а ранкингот пред ждрепката по шешири ќе биде направен по пласманот во есенскиот дел од тековната сезона.