Извршниот комитет на Европската ракометна федерација одлучи да го продолжи мандатот на генералниот секретар Австриецот Мартин Хауслајтнер за уште четири години.
Тој останува на позицијата до 2025 година со што го добива својот втор мандат, а доби и пофалби за работата која ја врши во моментов.
Хауслајтнер беше поставен на оваа позиција на 1 август во 2017 година кога го наследи неговиот сонародник, Михаел Видерер кој стана претседател на ЕХФ.