ЕХФ Еуро куп: Две екс-вардарки ги предводат стрелците, во Топ 10 и четири Македонки

После две кола во ЕХФ Еуро купот на првите две места се наоѓаат две поранешни ракометарки на Вардар кои настапуваат за селекциите на Црна Гора и Норвешка.

На првото место е Итана Грбиќ која постигна 13 гола на двете средби против Македонија така што успеа да стигне до број на погодоци за врвот на листата на стрелците. Еден гол помалку има левото крило на Норвешка, Камила Херем која беше ефикасна против Словенија.

Зад нив следуваат две репрезентативки на Македонија кои особено синоќа имаа добар натпревар. Јанеска и Јанкулоска имаат по девет гола. Во Топ 10 се и Миновска со осум и Гичевска со седум погодоци.

Следните натпревари ќе бидат во март следната година.

ЕХФ ЕУРО КУП – СТРЕЛЦИ

ТОП 10

13 – Итана Грбиќ (Црна Гора)

12 – Камила Херем (Норвешка)

9 – Моника Јанеска (Македонија)

9 – Ангела Јанкулоска (Македонија)

9 – Јованка Радичевиќ (Црна Гора)

8 – Сара Миновска (Македонија)

8 – Матеа Плетикосиќ (Црна Гора)

7 – Леонида Гичевска (Македонија)

7 – Тјаша Станко (Словенија)

7 – Алја Варагич (Словенија)