Женската сениорска репрезентација на Македонија има една година до Европското првенство 2022 на кое ќе биде домаќин заедно со Црна Гора и Словенија и на кое се враќа на големите натпреварувања по пауза од една деценија.
Со нов селектор Љубомир Савевски и со сите промени кои ги донесе тој, како и новитети во тимот ќе биде ли националниот тим ќе бидете ли подготвен до ноември следната година?
„Целта, која репрезентацијата ја има со години наназад е тоа Европско првенство. Многу години градевме (и со претходниот селектор Симе Симовски) и сега со Савевски градиме и работиме на тим, кој ќе блесне. Верувајте ми, секоја од нас сака да го даде најдоброто од себе и да покаже дека женскиот ракомет има светла иднина. Со нетрпение чекаме! Се мачиме толку долго за да се најдеме на едно големо натпреварување. Сакаме да размислуваме позитивно и се надеваме дека може со вајлд-карта ќе успееме да се најдеме и на СП во Шпанија во декември, кое ќе значи многу за нас. Да почувствуваме како е да се биде дел од големо натпреварување пред ЕП 2022 во Македонија. Знаете која чест и привилегија е тоа? Колку значи за нашето достоинство и за работата и за сè низ што минавме претходно. Секоја од нас е желна да заигра на едно ЕП или СП, а ние ќе можеме уште и да играме пред домашната публика. Желбата и целта е да направиме добар резултат со кој ќе ја разбудиме одново страста за женскиот ракомет во Македонија“, децидна е Елена Ѓоргиевска.
Интервјуто со капитенот на репрезентацијата прочитајте го подолу…
ИНТЕРВЈУ ЕЛЕНА ЃОРГИЕВСКА: ЕП 2022 може да биде круна на мојата репрезентативна кариера