По трите порази во Лигата на шампионите, раководоството на белорускиот првак Мешков Брест реши да го засили ростерот.
Во Брест се сели 26-годишниот лев бек на романскиот Бакау и српската репрезентација Стеван Сретеновиќ.
Тој потпиша договор до крајот на сезоната, со можност доколку двете страни се задоволни од соработката да биде продолжен за уште две сезони.
Сретеновиќ пред настапите за романскиот Бакау, беше дел од Партизан, Железничар Ниш и Војводина, а на меѓународна сцена ги носеше дресовите уште и на францускиот Ним и турскиот Бешикташ.