Голманската двојка која заедно го чуваше и голот на репрезентацијата Никола Митревски и Борко Ристовски имаа одлични изданија во 3. коло од Лигата на шампионите и го заслужија местото во одбраното друштво со оглед на тоа што се најдоа на првите две места на Топ 5 одбрани.
Никола Митревски имаше одбранет зицер за победа на Порто, а имаше уште одлични интервенции од кои една заврши и во Топ 5 и тоа на првото место. Митревски покажа дека е во одлична форма и дека е дефинитивно играч кој носи пресврт во играта на Порто.
Борко Ристовски имаше одлично издание на дуелот против Алборг и успеа да одбрани голем број на удари на противничките ракометари. Неговите одбрани помогнаа многу во моментите кога се одлучуваше победникот, а двојната одбрана кога прво запре удар од седум метри и секунда подоцна и зицер завршија во Топ 5 во 3. коло од Лигата на шампионите.
Тие ја предводат одраната петка за ова коло, а се најдоа во друштво на Родриго Коралес (Веспрем), Бењамин Буриќ (Флензбург), Дино Славниќ (Загреб).
Најдобрите пет одбрани можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.