Вујовиќ: Го респектирав Алборг, ама само пред стартот – не се предадовме 60 минути

Ракометарите на Вардар го совладаа европскиот вицепрвак Алборг со 30-28 во третиот натпревар од Лигата на шампионите.

Тренерот на “црвено-црните”, Веселин Вујовиќ, смета дека голманот Ристовски бил клучен за големиот триумф.

„За мене Алборг останува тим кој игра најдобар ракомет во Европа и му честитам на мојот колега за оваа работа. Поради ова го респектиравме противникот, но пред почетокот. Се боревме во текот на сите 60 минути и не се предадовме. Одигравме многу добро и силно во одбраната, а го имавме и неверојатниот Борко на голот. Можеби тој беше и клучен за оваа победа. Алборг останува тим кој е кандидат за пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, а со овие бодови имаме шанса и ние”, вели Вујовиќ.

Следен предизвик за Вардар ќе биде домашниот натпревар против францускиот Монпелје на 13 октомври.