Шпанија и Португалија влегуваат заедно во трката за Европското првенство во 2028 година, а доколку го добијат финалето би требало да се игра на стадион и пред рекорден број на публика.
Најавите се дека финалето би се играло на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид каде што настапува фудбалската екипа на Атлетико Мадрид.
Тоа е стадион кој има капацитет од точно 68.456 гледачи. Сигурно оваа бројка би била и поголема бидејќи ќе има и плус столчиња така што може да се очекува да биде доста интересно на ова натпреварување.