На шест од последните осум натпревари со кои ја отворале сезоната ракометарите на Вардар успеале да се изборат за победа
Ракометарите на Вардар од сезоната 2013/14 редовно се дел од групната фаза во Лигата на шампионите, а оттогаш досега имаат само едно реми и еден пораз. Практично ремито беше во 2013 година против Барселона на домашен терен, а поразот лани од Мешков Брест во Белорусија.
Меѓу овие две средби вардарци имаа шест други дуели и на сите забележаа победи. Редовно тргнуваа како гости и победуваа. Трипати го совладаа Монпелје, а по еднаш Целје, Кристијанштад и Висла Плоцк.
Ова е убава најава за натпреварот кој следува денеска од 18:45 часот.
ПРВИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО СЕЗОНАТА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
21 СЕПТЕМВРИ 2013
ВАРДАР – БАРСЕЛОНА 29:29
27 СЕПТЕМВРИ 2014
ЦЕЛЈЕ – ВАРДАР 26:27
20 СЕПТЕМВРИ 2015
МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР 25:30
25 СЕПТЕМВРИ 2016
КРИСТИЈАНШТАД – ВАРДАР23:28
17 СЕПТЕМВРИ 2017
ВИСЛА ПЛОЦК – ВАРДАР 22:26
15 СЕПТЕМВРИ 2018
МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР 24:27
14 СЕПТЕМВРИ 2019
МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР 31:33
16 СЕПТЕМВРИ 2020
МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР 24:22
15 СЕПТЕМВРИ 2021
ЕЛВЕРУМ – ВАРДАР ?