Од сезонава по подолга пауза во домашното првенство ќе играат сите екипи од самиот почеток.
Играњето во домашното првенство е приоритет, тука се делат титулите, медалите, ама предизвик е да се биде дел од некој европски куп, па и СЕХА лигата. Без разлика што последниве две сезони малку се смени начинот на функционирање на регионалната лига, и за Бутел тоа останува цел за остварување.
„За доброто на македонскиот ракомет сметам дека играњето на сите екипи во домашното првенство е добра да сите да играат. Сите сакаат да ги видат и Вардар и Еурофарм во нивните сали. Тоа дава квалитет. Ако сакаме да имаме нови играчи, и репрезентација ни треба силна лига. СЕХА лигата од аспект на клубовите внатре, е предизвик за сите. Но, да се стигне до таму треба и поголем буџет, повеќе играчи. Секако дека СЕХА голем предизвик и за гледачите и за нас, вели Александар Стефанов, спонзорот на Бутел во интервју за 24ракомет.
Бутел од сезона во сезона постојано оди чекор напред. Летово имаше добра пазар.
„Бутел помина еден добар преоден рок, во однос на ротација на играчи. Овој ростер што го има сега и после одиграните пријателски мечеви, Бутел покажа дека годинава ќе биде кандидат и за плејоф и за излез во Европа. Она што јас го сакам, нема да бидам нескромен, е да бидеме трети, па и да чепнеме и некој бод од водечката двојка. Мислам дека имаме добра екипа. Бутел секогаш имал и добра публика, сега и со нив можеме да ги оствариме нашите желби и цели. Тука секогаш треба да внимаваме на Металург, на Пролет, Охрид, Еурофарм 2, вели Стефанов.
Прочитајте го интервјуто на Александар Стефанов во целост…
ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ: Со Бутел сакам да „скинеме“ бодови и од големите