И на Европското првенство во јануари во Унгарија и Словачка, Македонија ќе има свои претставници меѓу судиите, а во последните десетина години тоа редовно се Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Тие и овој пат ја предводат листата на судии на која се наоѓаат 18 двојки. Доминираат арбитрите од Балканот што е само нов голем доказ дека најдобрите судии во Европа доаѓаат од овие простори.
СУДИИ ЗА ЕП 2022
Славе Николов/Ѓорѓи Начевски (Македонија)
Радојко Бркиќ/Андреј Јусуфхоџиќ (Австрија)
Матија Губица/Борис Милошевиќ (Хрватска)
Вацлав Хорачек/Јири Новотни (Чешка)
Мадс Хансен/Јеспер Мадсен (Данска)
Андреу Марин/Игнасио Гарсија Серадиља (Шпанија)
Роберт Шулце/Тобијас Тонис (Германија)
Адам Биро/Оливер Кис (Унгарија)
Јонас Елијасон/Антон Палсон (Исланд)
Ваидас Мазејка/Миндаугас Гателис (Литванија)
Иван Павичевиќ/Милош Ражнатовиќ (Црна Гора)
Дуарте Сантос/Рикардо Фонсека (Португалија)
Богдан Николар Старк/Ромео Михаи Стефан (Романија)
Бојан Лах/Давид Сок (Словенија)
Ненад Николиќ/Душан Стојковиќ (Србија)
Артур Брунер/Морад Салах (Швајцарија)
Борис Мандак/Марио Рудински (Словачка)
Мирза Куртагиќ/Матијас Ветервик (Шведска)