Ракометарите на Кил со убедлив триумф ја започнаа одбраната на титулата во Бундес лигата откако во првото коло го совлада Балинген со 33:24.
Шампионот одлично започна и рано имаше пет гола предност, но Балинген успеа да се врати, па на полувреме беше 13:11 за Кил. Во продолжение Балинген стигна и до израмнување, но Кил покажа дека е поквалитетен и славеше убедливо.
Во првото коло победи уште остварија и екипите на Флензбург, Гепинген и Ерланген, а Лемго и Мелсунген одиграа без победник.
БУНДЕС ЛИГА 1. КОЛО
РЕЗУЛТАТИ
ЕРЛАНГЕН – ЛАЈПЦИГ19:15
ХАМБУРГ – ГЕПИНГЕН 27:28
КИЛ – БАЛИНГЕН 33:24
ЛЕМГО – МЕЛСУНГЕН 26:26
МИНДЕН – ФЛЕНЗБУРГ 18:31