Тимовите кои успеаја да ја минат првата рунда од квалификациите за групната фаза во Лигата на Европа денеска ќе бидат во исчекување,а тоа ќе трае до утре до 11 часот кога е закажана ждрепката за 2. коло во кое ќе се најдат 24 екипи.
После отпаѓањето на Пролет, а со оглед на тоа што не се пријавени други македонски тимови за квалификациите во 2. рунда нема да има македонски тим. Затоа, пак, ова 2. коло е важно а Еурофарм Пелистер
Од овие 24 тимови кои утре ќе формираат 12 двојки, две екипи ќе бидат ривали на Еурофарм Пелистер, па затоа ќе треба да се следат со внимание овие пресметки кои ќе се играат во текот на овој месец.
ШЕШИР 1: Нексе (Хрватска), Морс (Данска), Адемар Леон, Гранољерс (Шпанија), Екс ан Прованс, Ним (Франција), Фуксе Берлин, Рајн Некар, Лемго (Германија), Висла Плоцк (Полска), Спортинг (Португалија), Малме (Шведска).
ШЕШИР 2: Гог, Холстебро (Данска), Ла Риоха (Шпанија), Тулуз (Франција), Валур (Исланд), Арендал (Норвешка), Азоти Пулави (Полска), Бенфика (Португалија), Доброгеа Суд (Романија), ЦСКА Москва (Русија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија).