Денеска беше објавен идеалниот тим на регуларниот дел од регионалната СЕХА лига, во која партиципираа две македонски екипи, Вардар и Еурофарм Пелистер.
За најкорисен играч, односно МВП е избран Јосип Периќ, кој исто така е најдобар среден бек, а од Еурофарм Пелистер доаѓаат и најдобриот тренер – Жељко Бабиќ, како и најдобриот десен бек – Невен Стјепановиќ.
Најдобро лево крило е Тимур Дибиров, кој е прогласен и за најдобар стрелец со постигнати вкупно 57 гола.
Најдобар млад играч е Јовица Николиќ од Војводина, најдобар пикер е Вјачеслав Бокан од Мотор, најдобар лев бек е Оливер Рабек од Татран Прешов.
Нај голман е Матеј Ашанин кој веќе не е дел од Загреб, нај десно крило е прогласен Вукашин Воркапиќ од Металопластика, додека најдобар дефанзивец е Глеб Калараш, кој веќе замина од Вардар.
Во идеалниот тим нема ракометари од Мешков Брест и Веспрем, бидејќи тие не беа дел од регуларниот дел на лигата.