Европската ракометна федерација го претстави својот нов концепт за хигиена за новата сезона во која клубовите кои играат во европските купови ќе треба да се придржуваат до одредени мерки.
Според она што е предвидено концептот го воведува правилото „Вакцинирани, прележани, тестирани“. Се вели дека доколку клубот домаќин има евиденција за вакцинираноста на членовите на клубот, претставниците на медиумите и гледачите тогаш создавање на зони во Арената нема да биде потребно.
Во спротивно клубот кој е домаќин ќе мора да создаде „црвена зона“ за играчите, персоналот и другите официјални лица.
Концептот ќе добива постојано прилагодување и ажурирање во зависност од тоа како ќе се одвива здравствената ситуација. Доколку мерките воведени на локално ниво стана построги од оние кои се утврдени во концептот, тогаш тие ќе добијат приоритет.