Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Струга – Тиквеш (ЛИНК)

Екипата на Струга вчера стартуваше со пораз на 6. Меморијален турнир „Миле Нешкоски“ на кој денеска против Тиквеш се бори за првото место во Групата А. Ова е прва средба денеска од четирите колку што ќе се одиграат така што сосема извесно е дека следува интересен ден во кој први на терен се Струга и Тиквеш. Овој натпревар почнува во 10 часот, а можете да го следите на линкот.