Лацковиќ останува во Хамбург

Тренерското дуо кое го врати големиот Хамбург во Бундес лигата, Торстен Јансен и Блаженко Лацковиќ добија награда во продолжување на договорите. Главниот тренер Јенсен ќе остане до 2024 година, додека Лацковиќ до 2023 година.

Торстен Јансен претходно работеше како тренер во младинските категории на Хамбург, а од 2017 година го презема првиот тим и обезбеди пласман во Бундес лигата. Хрватот Лацковиќ веднаш штом заврши со играчката кариера во Хамбург ја доби функцијата помошник тренер.

Екипата сезонава по враќањето во најдобрата лига во Германија се стреми кон задржување на прволигашкиот статус и пласман во горниот дел на табелата. Јенсен и Лацковиќ ќе имаат вистински предизвин со оглед на конкуренцијата во Бундес лигата.

Блаженко Лацковиќ најголемиот дел од кариерата го помина во Хамбург од 2008 до 2014 година и од 2017 до 2020 година, во 2011 година стана шампион на Германија додека две години подоцна ја освои Лигата на шампионите.