Голманот на Рајн Некар Левен и на шведската репрезентација, Андреас Паличка, од следното лето ќе има нов предизвик.
Тој потпиша договор на две сезони со фрнацускиот шампион ПСЖ, кој ќе стапи на сила во 2022 година.
35-годишниот Паличка потекнува од Редбергслидс, а потоа ги бранеше боите на германскиот Кил и данскиот Алборг.
Швеѓанецот следното лето ќе формира дуо на голманската позиција со Данецот Јаник Грин, кога од ПСЖ ќе си заминат Жанти и Жерар.