Седум женски спортски здруженија од Европа побараа оставка од претседателот на Меѓународната ракометна федерација, Хасан Мустафа, како и од првиот човек на ЕХФ, Мајкл Видерер поради сексизам.
Водечките функционери на ИХФ и ЕХФ од страна на спортските здруженија се обвинети за сексизам поради правилата за опрема за ракомет на плажа, кои се одобрени од самите федерации.
Според пропишаните правила, играчите од понежниот пол ќе мора да играат во бикини кога се работи за ракомет на плажа, а доколку го прекршат тоа правило и се појават во шорцеви, тогаш ќе се соочат со парична казна.
Пред неколку месеци, репрезентативките на Норвешка на Европското првенство во ракомет на песок на последниот натпревар не се појавија во бикини туку во шорцеви и поради тоа добија казна бидејќи не беа во предвидената облека за овие натпревари.