Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денеска доби големо признание и беше одлкуван со Орден за заслуги од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
Mукаетов, кој освен тоа што е прв човек на македонската куќа на ракометот, важи за еден од најуспешните бизнисмени во Македонија како генерален директор на фармацевтската компанија Алкалоид.
„Би сакал да се заблагодарам за ова државно одличје кое денеска го добивам. За мене тоа претставува една огромна чест, но и уште поголем мотив за понатамошните активности во тоа што го работам“, изјави Мукаетов.
Покрај Мукаетов, постхумно Ордени за заслуги имаше и за Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Горан Стефановски.
Целосната изјава на Мукаетов погледнете ја во продолжение…