Чупиќ тргна со новите колеги, Обрван ги собра ракометарите на Загреб (ФОТО)

Ракометарот кој остави голем белег во играта на Вардар во минатите пет години, Иван Чупиќ денеска стартуваше со подготовките за новата сезона со тимот на ППД Загреб.

Тренерот на овој клуб, поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван ги собра ракометарите и ќе има доста работа така што во следниот период на располагање ќе има 23 ракометари.

ППД Загреб е ривал на Вардар во четврт-финалето од СЕХА лигата на крајот од август така што ќе треба доста добро да се следи сето она што овој тим ќе го сработи во следниот период.

Во составот на Загреб за новата сезона се најдоа:

ГОЛМАНИ: Филип Ивиќ, Дино Славиќ

КРИЛА: Иван Чупиќ, Давид Мандиќ, Валентино Равниќ, Давор Чавар, Владо Матановиќ, Филип Периќ

ЛЕВИ БЕКОВИ: Матеј Хрстиќ, Звонимир Срна, Едис Клис, Јаков Гојун

СРЕДНИ БЕКОВИ: Сандро Обрановиќ, Филип Вистороп, Лука Мраковчиќ, Карпо Сиротиќ

ДЕСНИ БЕКОВИ: Лука Ловре Кларица, Чаба Лејметер

ПИВОТИ: Жељко Муса, Марин Шипиќ, Никола Граховац, Адин Фалјиќ, Доминик Гал