Третопласираниот тим од Суперлигата минатата сезона, Пролет, го доби ривалот за првото квалификациско коло од Лигата на Европа.
Избраниците на Андон Бошковски ќе се соочат со шпанскиот тим Грањолерс во двомеч за пласман во втората рунда квалификации.
Шпанскиот тим заврши на четвртата позиција во Асобал лигата минатата сезона, но имаше ист број бодови со третопласираната Ла Риоха. Пролет ќе има тешка задача да го мине Гранољерс.
Првиот натпревар во Скопје се игра на 28/29 август, додека реваншот е една недела подоцна во Барселона.