Драма во „Јане Сандански“: Холандија после пенали обезбеди финале

Во финалето на ЕХФ шампионатот во Скопје утре ќе играат селекциите на Полска и Холандија, кои денеска беа подобри од своите ривали Фарски острови и Белорусија. На турнирот во Италија, финалисти се домаќинот Италија и Литванија.

Селекцијата на Холандија после голема борба со Белорусија и нерешено во регуларниот дел 22:22, дојде до победа после изведувањето на пенали. Холанѓанките беа подобри во пенал серијата со 3:0. Противник во финалето ќе им биде Полска која ја совлада репрезентацијата на Фарските острови со 24:21. Првото полувреме беше нершено 10:10.

На турнирот во Италија домаќинките триумфираа против Шпанија со 29:26, а уште на полувремето имаа водство од 14:12. Во финалето ќе се борат против Литванија која славеше минимална победа против Србија со 24:23. Иако после првиот дел Србија водеше 12:11, сепак, Литванките обезбедија финале.

ЕХФ ШАМПИОНАТ – ИТЛАИЈА

ПОЛУФИНАЛЕ

СРБИЈА – ЛИТВАНИЈА 23:24

ШПАНИЈА – ИТАЛИЈА 26:29

ЕХФ ШАМПИОНАТ – МАКЕДОНИЈА

ПОЛУФИНАЛЕ

БЕЛОРУСИЈА – ХОЛАНДИЈА 22:22 (13:11, 0:3 ПЕНАЛИ)

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ПОЛСКА 21:24 (10:10)

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН

ОД 5. ДО 8. МЕСТО (МАКЕДОНИЈА)

МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА 31:25 (11:11)

ИСЛАНД – КОСОВО 37:23 (16:10)

ОД 5. ДО 8. МЕСТО (ИТАЛИЈА)

ТУРЦИЈА – ИЗРАЕЛ 34:29 (16:12)