Репрезентацијата на Португалија не отпатува според планот за Токио поради тоа што вработените на аеродромот во Лисабон се во штрајк, а тоа беше причина за одлагање на дури 93 лета.
Еден од тие летови беше и оној со кој репрезентативците на Португалија требаше да патуваат за Токио. Тие имаат чартер, но не беше можно да се полета бидејќи штрајкуваат компнените работници и не е можно да се поминат контролите.
Поради ова патот до Токио ќе биде подолг. Веднаш беше најдена солуција, па ракометарите беа однесени со автобус до Фаро, а оттаму ќе летаат до Париз. Од главниот град на Франција има лет до Токио, па така ќе можат ракометарите да пристигнат со доцнење.
„Работевме напорно да се прилагодиме на промената со временските зони, но сега не знаеме кога точно ќе пристигнеме. Не знаеме што да правиме, малку сме збунети“, велат од репрезентацијата на Португалија.
Оваа селекција дебитира на Олимписките игри, а ќе биде во група со селекциите на Шведска, Данска, Египет, Бахреин и Јапонија.