Женската младинска репрезентација на Македонија вечерва ја очекува третиот испит на ЕХФ шампионатот во Скопје.
Ривал е селекцијата на Холандија, која има две победи досега – над Босна и Херцеговина и над Косово.
Селекторот Љубомир Савевски за оваа средба направи една промена во ростерот. За првпат на терен ќе биде Андреа Седлоска, која имаше повреда минатата недела и не беше подготвена за настап.
Седлоска е во ростерот на местото на Мила Пешиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:30 часот, а ќе го судат Романците Пирву и Потирниче.