ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со ист ростер ќе ги нападне Фарски Острови (ФОТО)

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот натпревар на ЕХФ шампионатот што се одржува во Скопје.

Ривал на избраничките на Љубомир Савевски ќе биде селекцијата на Фарски Острови, која исто така досега има една победа.

Составот на нашата селекција ќе биде ист како и на дуелот против БиХ, а повторно ќе отсуствува Андреа Седлоска, која има повреда.

Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови се игра од 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, а ќе го судат Русите Анташев и Мусатов.