Женската младинска репрезентација на Македонија стартуваше убедливо на ЕХФ шампионатот што од денеска се игра во Скопје.
Избраничките на Љубомир Савевски славеа над селекцијата на Босна и Херцеговина со убедливи 39-28.
На трибините во СЦ „Јане Сандански“ својата поддршка ја даде и стручниот штаб на машката кадетска селекција која исто така се подготвува за ЕХФ шампионат.
Присутни беа селекторот Кире Лазаров, претседателот на РФМ – Живко Мукаетов, генералниот секретар Филип Милошевски, директорот на сите репрезентации Левче Китевски, Гордана Нацева, Марко Миркуловски, Билјана Црвенкоска, Бранко Ангеловски, Ице Соколески…
Следен предизвик за младинките ќе биде селекцијата на Фарски Острови в понеделник со почеток во 20:30 часот.
Убедлив старт на младинките: Македонија ја торпедира Босна и Херцеговина