Еден од новите засилувања на Вардар во пресрет на новата сезона, Бакари Диало, веќе пристигна во Скопје.
Францускиот лев бек, кој може да ја покрие и средната бековска позиција веќе го запозна неговиот нов дом.
Тој ќе има доволно време за адаптација во македонската престолнина, бидејќи подготовките на Вардар стартуваат за десетина дена на 15 јули.
По неколку дена во Скопје, вардарци заминуваат за Златибор, а пред четвртфиналето во СЕХА лига, ќе играат на турнирите во Скопје и Магдебург.