Петмина македонски тренери го направија вториот чекор кон добивање на Мастер Коуч лиценцата.
Адријано Котевски, Игор Котевски, Кире Атанасовски, Ице Соколески и Божидар Мојсов една недела беа дел од Вториот Модул на семинарот во Србија што се одржуваше онлајн.
Тие имаа презентација на своите работни задачи и сега ќе го чекаат декември и Третиот Модул, каде што ќе ги бранат своите теми и ќе се стекнат со највисоката тренерска лиценца.
Кире Лазаров треба да ја добие својата Мастер Коуч лиценца на семинарот во Грција, додека Ацо Јоновски, Влатко Митков, Филип Миркуловски, Горан Кузманоски, Билјана Црвенкоска и Зоран Петковски, треба да бидат дел од Вториот Модул што ќе се одржи онлајн во организација на ХРС.
Македонија веќе има голем број тренери со највисоката лиценца – Стевче Алушовски, Андон Бошковски, Звонко Шундовски, Раде Стојановиќ, Борче Марковски, Александар Јовиќ…и уште многу други.