На последниот состанок на Извршниот Комитет на ЕХФ, покрај доделувањето на вајлд-карти за Лигата на шампионите, биле дискутирани уште неколку предлози што се однесуваат на репрезентативниот ракомет.
Прв предлог е воведување на бараж средби, што ќе ги играат третопласираните репрезентации во квалификации за Европските првенства.
Најчесто во квалификациите кај мажите има осум квалификациски групи, прво и второплсираните одат директно на ЕП, а осумте третопласирани во четири бараж двојки, меѓу себе да одлучуваат кои четири репрезентации би биле патници на континенталниот собир.
Доколку биде прифатен овој предлог, бараж средбите најрано би се играле во квалификациите за ЕП 2024 година што ќе биде во Германија. Во сегашниот квалификациски систем, се прави ранкинг на третопласираните тимови од сите осум груп, со резултатите од средбите со првите и вторите репрезентации, па првите четири патуваа на ЕП.
Вториот предлог за кој било дискутирано е воведување на ЕХФ недели истовремено за мажи и жени од сезоната 2022/23, иако во различни термини се играат големите натпреварувања во двете конкуренции.
Засега ова се само предлози, а дали ќе бидат прифатени останува да видиме на некој од следните состаноци на Извршниот Комитет на ЕХФ.