Сања Дамњановиќ му се враќа на ракометот

Некогашната ракометарка на Вардар, Сања Дамјановиќ, во новата сезона ќе му се врати на ракометот.

Романскиот „Про Спорт“ пишува дека Дамјановиќ во „пакет“ со нејзиниот сопруг Стеван Вујовиќ ќе се пресли во Баја Маре.

Машкиот тим на Баја Маре го потврди трансферот на екс членот на Вардар и Металург, а допрва веројатно ќе биде потврден и оној на Сања.

Левиот бек освен за Вардар, играше за данскиот Виборг, хрватска Подравка, словенечкиот Крим, српските Раднички, Наиса Ниш и Зајечар, унгарскиот Шиофок, а сезоната 2019/20 беше дел од Будуќност, пред да реши да најави крај на кариерата.

Покрај Дамњановиќ, Баја Маре, ангажираше уште низа ракометарки – голманките Уткина и Панџиќ, пикерот Гомес, десниот бек Зич…