Потпретседателот на Германската федерација тренер на третолигашки тим

Извршниот директор на екипата на Фуксе Берлин, кој воедно ја извршува и функцијата на потпретседател на Ракометната федерација на Германија, Боб Ханинг се најде во интересна ситуација бидејќи во исто време ќе има и трета работна задача.

Боб Ханинг ќе седне на тренерската клупа на тимот на Потсдам кој се натпреварува во третата лига, а оваа информација официјално ја соопштија и од тимот на Фуксе Берлин.

„Со нетрпение ја очекувам можноста да ја активираме нашата заедничка работа. Имаме речиси 30 млади играчи кои сакаат да се развиваат. Нема да форсираме резултат по секоја цена, но сакаме да им понудиме можност на талентираните да ги покажат своите квалитети. Ова ќе им даде шанса да се испробаат во клуб од повисока класа“, вели Ханинг.

Ова значи дека од следната сезона Потсдам добива поддршка од Фуксе Берлин и практично станува негова филијала.