Рускиот репрезентативец Глеб Калараш по три години минати во Вардар заминува од клубот и тој ќе биде уште еден од низата ракометари кои ќе заминат од Скопје без да имаат шанса да се збогуваат со публиката.
Тоа е она за што единствено ќе жали.
„Дефинитивно, да!“
– вели Глеб, кој дури не ме остави ни да го поставам прашањето до крај и продолжи:
„Ќе ми биде ужасно тешко што нема да можам да се простам од публиката. Но, можеби наскоро ќе се вратам – дали со друг клуб, дали некогаш повторно пак во Вардар и се надевам дека тогаш без разлика дали ќе играм против Вардар или пак за Вардар ќе бидам пречекан и поздравен со аплаузи, не со свирежи (се смее) затоа што секогаш искрено сум ги бранел боите на Вардар.“
Подолу погледнете го целосното интервју со Русинот…
ИНТЕРВЈУ ГЛЕБ КАЛАРАШ: Заминувам од Вардар, заминувам од дома!