Екипата на Охрид дојде до три бода на дуелот против Струга од 21:20 во натпревар во кој можеше да се забележи дека сите играа колку да ја одработат задачата и без воопшто мотив.
Оваа победа доаѓа за крај на натпреварите на домашен терен, а воедно е и за збогување со починатиот играч на тимот, Никола Даниловски – Џамбо.
Охриѓани беа во предност во текот на целата средба. Имаа повеќе од играта иако на теренот беа главно ракометари кои немаа голема минутажа сезонава. Сепак, успеаја да ја одработат својата задача и го направија она што се очекуваше од нив.
После 14:10 на полувреме во вториот дел од средбата се играше мирно. Стружани беа рамноправен ривал и успеаја да се одржуваат во разлика која даваше можност за добар резултат. Во финишот дури Струга се најде и во шанса за реми. Имаше три секунди за гол и 21:21, но имаше прекршок, а потоа последниот шут беше околу 15 метри од голот на Брауновиќ и немаше можност за удар за гол.
Со тоа Охрид освои три бода со победа од 21:20, а со овој триумф воедно охриѓани се најдоа веднаш до Бутел Скопје и после ова коло имаат ист број на бодови.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА