Екипата на Охрид дојде до три бода на дуелот против Еурофарм Пелистер 2 откако се избори за победа од 24:21.
Тимот на Охрид имаше тешка средба, но и силен отпор на противникот особено на стартот од натпреварот и некаде до 20. минута.
Од почетокот гостите беа тие што го диктираа резултатот. Еурофарм Пелистер 2 имаше водство од 4:1, а потоа на домашните им требаше многу за да успеат да израмнат. До нершеени 6:6 се дојде во 21. минута, а потоа за пет минути беа обезбедени високи 11:7.
До крајот на првото полувреме имаше уште по два гола и на одмор се замина со 13:9 во корист на Охрид.
Продолжението од средбата донесе уште поголемо водство од соствот на Охрид. Ракометарите на овој ти стигнаа до предност од 15:10 во 42. минута, а потоа следуваше одново подобар период за гостите кои намалија на два гола разлика. Во 48. минута резултатот беше 17:15, а брзо потоа и 17:16.
Сепак, ова беше сè од гостите, а домашните брзо после ова успеаја да стигнат до плус три. Се изборија за 21:18 и до крајот ги одржаа овие три гола за конечни 24:21 и важни три поени од овој дуел против добриот состав на Еурофарм Пелистер 2.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА