Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа добар натпревар во 12. коло од Супер лигата и на домашен терен забележаа лесна и убедлива победа против составот на Металург со 34:24.
После израмнетиот почеток тимот од Битола започна да ја гради предноста, за десетина минути игра беше 7:4. Металург со добар период се врати на минус еден, но сепак попушти во завршницата од првиот дел.
Еурофарм Пелистер доминираше целосно во последните десетина минути од првото полувреме и обезбеди огромна предност од осум гола на полувреме. На одмор тимот до Битола водеше 18:10 и веќе беше решен победникот.
Второто полувреме беше формалност, Еурофарм Пелистер рутински го контролираше резултатот и го водеше кон сигурен триумф. Нависокото водство на домашниот тим беше и десет гола како што беше и на крај на натперварот.
Јосип Периќ со девет гола го водеше Еурофарм Пелистер до победата, а Милан Ѓукиќ постигна пет. Во составот на Металург се истакна Василије Калуѓеровиќ со девет погодоци.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА