Загреб супериорно против Металопластика, за потврда на првото место

Ракометарите на Загреб имаа лесна задача во натпреварот од 6. коло во групата А од СЕХА лигата против Металопластика и забележаа лесна и убедлива победа од 37:25 со која го потврдија првото место.

Металопластика беше рамноправен противник само во првите десетина минути од натпреварот, а во останатиот дел Загреб целосно доминираше. Веќе во 12. минута домашниот тим имаше одлична предност од 10:5 за мирна игра во продолжение.

Металопластика на кратко успеа да намали на 9:12 во 20. минута, но до крајот на првиот дел Загреб повторно го крена нивото на игра и на полувреме обезбеди убава предност. По 30. минути игра беше 19:11.

Второто полувреме беше формалност, Загреб играше рутински и постојано ја зголемуваше позитивата. Многу брзо беше двоцифрена разликата, а највисоката предност беше 15 гола. Загреб со оваа победа го обезбеди првото место во групата А во СЕХА лигата и последниот меч со Еурофарм Пелистер ќе биде формалност.

Најефикасни во тимот на Загреб беа Валентино Равниќ и Чаба Леметер со по пет погодоци, а по четири постигнаа Обрадовиќ и Граховац. Во составот на Металопластика убедливо најефикасен беше Вукашин Воркапиќ со девет гола, а шест постигна Ивањиќ.

СЕХА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПАРТИЗАН00000
2ТАТРАН00000