Ракометната федерација на Македонија донесе одлука последните три кола од Суперлигата, од плеј-оф и плеј-аут да се играат во исто време.
Поради важноста на натпреварите, дел од нив за врвот и за место во европските купови, а дел од нив за опстанок, натпреварите ќе започнуваат во ист термин.
Плеј-оф битките од 12. коло ќе бидат на програмата в среда со почеток од 19:00 часот, а најинтересно би требало да биде на натпреварите Еурофарм Пелистер – Металург и Бутел Скопје – Пролет.
Плеј-аут натпреварите од 12. коло ќе се играат в четврток од 19:00 часот, а најинтересно ќе биде во Скопје, каде КЛ7 ќе го пречека Тиквеш.