МВП НА 10. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА – НИКОЛА ПОТИЌ (ПРОЛЕТ)

Десниот бек на Пролет, Никола Потиќ, со вашите гласови го избравте за МВП, односно најкорисен играч на 10. коло од суперлигашкото разигрување за титула и за опстанок.

Српскиот интернационалец беше меѓу најдобрите поединци, во значајната победа на гостински терен кај големиот ривал Охрид.

Потиќ иако паузираше на претходните натпревари, играше против Охрид и даде значаен придонес во триумфот со кој практично беше осигуран настапот во Европа.

Тој освои 45% од вкупниот број на гласови, додека второпласираниот Марко Божиновска освои 33% од гласовите.